СТРАШНО СВЕДОШТВО: Пајак им го кренал возилото, тие се бунеле па алфи ги натепале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Девојка од Скопје со свој Фејсбук статус упати порака до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ да размислат дали нешто треба да се смени, по нејзината објава каде раскажува како денеска ја тепал припадник на единицата алфи за непрописно паркирано возило пред градинка во Дебар Маало.

— реклама —

„Пајак на Град Скопје крева возило на трепкачи пред градинка во д.маало, кое стои помалку од 2 минути. Доаѓа пајак и се спрема да го крене. Брат ми се враќа и им кажува дека оставал дете во градинка, а нема ниедно слободно паркинг место, морал да застане пред градинка 2 минути. Секојдневно деца се оставаат и земаат на ист принцип-пошо нема обезбеден простор за таа намена.. али има иљада кафичи и зграда у зграда плански изградени...

Пајак момците продолжуваат да ставаат канџи и да го креваат возилото. Брат ми се јавува дома да донесеме 1500, пошо му бараат толку да ја спуштат колата. Доаѓаме јас и татко ми. Продолжуваме сите пред пајак возилото да се расправаме и објаснуваме... спомнуваме дека вака ревносни не се во чаир нит према тие со големи коли паркирани пред кафичи... полицијата стои со раце в џеб и гледа, а пајак вработените немаат слух за нашето објаснување.

— реклама —

Повикуваат алфи (подоцна разбрав дека се алфи...којзнае колкава опасност сме за општеството...алфи еееј алфи дојдоа!!!) да се справат со едно девојче, пензионер и дечко без мускули.. тотално ненасилни... алфите не затепаа, присилно не исповлечкаа да не тргнат.. да не стои пајакот, да може да го однесе возилото и да се врати по уште.. полицијата продолжи да стои со раце во џеб.. пошо не се они сервис на граѓаните, па да се замешаат.. уште и едниот џандар ни рече како денот му е супер.. и покрај тоа што јас уплакана му кажував дека треба да се има разбирање за одредени животни судбини и ситуации.

Ама него денот му бил супер, толку многу супер што нема време ни да заштити граѓани, нит па да проба да размисли за тоа што му го кажувам.

И така испотепани, си ја земавме колата од пајак служба и си плативме.

Вака делува како да е ова Швајцарија, нема нигде пикавец, а за непрописно паркирани ич да не зборуваме. Пее сообраќајот во земјава.

Претходните беа насилни во бомбите шо ги слушав.. а овие на своја кожа ги осетив. Додека пишувам, уште ми жежи грбов, и ги осеќам тупаниците на алфа мажот што сигурно е горд на себе, посебно денес, што успешно се избори со девојче од 52 кила!

Oliver Spasovski Петре Шилегов Саша Богдановиќ еве, ве тагнав.. ако имате време и не ви е супер денот ко на полицаецот, прочитајте шо се дешава док се топлите у фотељите и размислете дал нешто треба да се смени“, стои во објавата на Фејсбук.

https://www.facebook.com/marijana.petrusevska.9/posts/10156131924318616

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања