Промени тема
Контакт

Струга: Расправија прераснала во пукање и физички напад – повредени граѓанин и полицаец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
tepacka
Илустрација / Скопје1

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против 34-годишен жител на селото Велешта, осомничен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, предизвикување општа опасност и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Инцидентот се случил пред три дена )16 септември), кога осомничениот, за време на расправија со тројца жители на Дебар со кои имал претходно нарушени односи, извадил пиштол кој незаконски го поседувал и испукал неколку куршуми кон едно лице, погодувајќи го во долниот дел од нозете. Оштетениот задобил две лесни телесни повреди.

— реклама —

По пукањето, осомничениот се обидел да избега со возило. Иако полициски службеник му наредил да застане, тој не ја послушал наредбата и движејќи се наназад го удрил полицаецот, нанесувајќи му телесна повреда.

— реклама —

При увидот, во возилото биле пронајдени и нож и метална шипка, поради што ќе се вршат дополнителни проверки за нивната можна употреба во настанот.

— реклама —

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp3d0u4fehc2raPK0ffr

Приведен стружанец, агресивно се однесувал кон татко му и ја оштетил покуќнината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryb8690ip8obc52F8KSeZ

„Што сакаат и за петлите наутро да наплатат?“, Сопственик на апартмани од Струга реагира по фактура од ЗАМП од 16.650 денари

Македонија | пред 2 месеци

media-library5qlrqriqfq0f4W5sFCf

(Видео) Музичка вечер на Црн Дрим во организација на „Соларис“ и Europe House

Македонија | пред 2 месеци

media-library4hqjpfoood1063GLOnJ

МВР со кривична пријава за градоначалникот на Струга, спорно именување директор

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања