„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Струјата поскапува за 7,4 проценти, Бислимоски ги кажа новите цени за сите блок тарифи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-06-29-at-14.08.11

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8% од домаќинствата ќе се зголеми во просек за 7,4 %.

— реклама —

„Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории“ изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

— реклама —

СМЕТКИ ЗИМА

 59.9% ќе имаат покачување од 6.6%

 35.5% ќе имаат покачување од 6.7% до 8.8%

 3.4% ќе имаат покачување од 8.8% до 11.2%

 1.2% ќе имаат покачување од 11.4% до 99.5%

СМЕТКИ ЛЕТО

 77.2% ќе имаат 6.7% покачување

 21.8% ќе имаат покачување од од 6.7% до 8.8%

 0.7% ќе имаат покачување од 8.8% до 11.3%

 0.2% ќе имаат покачување од (11.4% до 100%)

Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%. Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%.

Енергетски компании побараа значајни зголемувања на тарифите за нивните услуги, но РКЕ не ги прифати сите нивни барања и одобри многу помали проценти.

ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИ БАРАЊЕ ОДОБРЕНО

МЕПСО 72,88% -0,03%

МЕМО 62,48% 6,96%

ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА 76,16% 20,94%

ЕВН ХОМЕ 35,8 милиони евра 14,3 милиони евра

Трошоците за набавка на електрична енергија на ЕВН ХОМЕ на годишно ниво се зголемени за 57,4 милиони евра, во однос на планираното од декември 2021 година, заради враќањето на голем број компании и јавни институции од либерализираниот на регулираниот пазар на електрична енергија, заради што ЕВН ХОМЕ мораше да направи дополнителен увоз на електрична енергија во износ од 33,2 милиони евра. Со укинување на кризната состојба, ЕВН ХОМЕ има и дополнителен трошок за обновливи извори за енергија во износ од 9,5 милиони евра. Дополнително новата цена на eлектрична енергија што ЕСМ му ја испорачува на ЕВН ХОМЕ е зголемена за 17%, од 41евра за MWh на 48 евра за MWh.

БЛОК ТАРИФИ ( kW/h)

Прв блок 0-210 5,5%

Втор блок 210-630 10,3%

Трет блок 630-1050 18,3%

Четврт блок 1050 > 138,7%

29.06. 2022

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања