ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Струмичкото обвинителство поведе постапка против осомничен за обид за убиство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zatvor

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 57-годишен жител на с. Вељуса поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот на 4 мај 2021 година, околу 8:30 часот во с. Вељуса, се обидел да го лиши од живот оштетениот кој се движел по главниот пат. Без никаков повод или причина и без претходна вербална расправија, осомничениот со брзи чекори му се приближил од зад грб на оштетениот и со дрвен стап со должина од околу 1,50 метри започнал да го удира во пределот на главата и телото. Кога оштетениот успеал да му го одземе дрвениот предмет, осомничениот иако бил свесен дека поради неговото сторување може да настап штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување, со нож со дрвена рачка и сечило од околу 20 сантиметри што го држел во другата рака, го прободел оштетениот во левата страна од половината.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од Судијата на претходна постапка при Основниот суд Струмица, па на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

Фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања