Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Стружани излегоа на протест поради проблемот со водоснабдувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
protest-8

Честите прекини во водоснабдувањето, немањето притисок, заматената вода за пиење и рестрикциите, се причини поради кои стружани денеска протестираа пред јавното претпријатие „Водовод и канализација“.  Стружани велат  трагедија е во 21 век во време на пандемија да нема ниту капка вода за обавување барем на елементарните човекови потреби. Сушата е само изговор за неспособноста на надлежните и општината да го решат проблемот со водоснабдувањето во Струга кој се провлекува цела деценија, велат тие.

— реклама —

„Поблемот со водата се провлекува години наназад, не е само сега. Летните месеци постојано имаме проблеми со водата, а последните две години и во ноември и декември се случува да нема вода. Откако го најавивме протестот, имаме вода во текот на денот, но во 22 часот ја исклучуваат, без претходна најава. Претходно пред да го најавиме протестот, немавме вода во текот на целиот ден. Не дека  е време на пандемија  туку и без пандемијата се знае дека водата е основно човеково право. Овој проблем се провлекува со години и некој треба да го реши. Не е наша работа да се грижиме за вода, кога плаќаме сметки редовно“, велат револтираните граѓани.

— реклама —

ЈП „Водовод и канализација“ пред неколку дена на својата фејсбук страница упати апел до стружани да не се злоупотребува користењето на водата за пиење за технички и други цели за побрзо решавање на проблемот со недостиг на вода во градскиот водовод.

— реклама —

Од претпријатието посочуваат дека причина за немањето вода е сушата и лошата хидролошка состојба и поради тоа најавија рестрикции од 22 до 5 часот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања