„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Студенчишкиот канал ќе се проширува за да не дојде до помор на плашицата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
plasica

„Студенчишкиот канал во Охрид ќе се продлабочува и проширува за повторно да не се случи помор на рибите во него, беше најавено вчера на вонредна седница на Градскиот совет на Охрид, на која се расправаше за последниот помор на плашицата, кога угинаа околу половина тон риби“,објави Сакам да кажам -сдк.мк.

— реклама —

Советот побара од градоначалникот да се обрати до Министерството за екологија, со барање за преземање превентивни мерки и активности, за да се спречи поморот на плашица во иднина. Препорачано е Општина Охрид да побара информација од Хидробиолошкиот институт-Охрид, со цел добивање насоки за препорачани и дозволени флуктуации на нивото на езерото и за преземање конкретни мерки во оваа насока. Побарано е градоначалникот, во соработка со ЕЛЕМ Македонија, да покрене иницијатива за формирање работна група, која ќе даде писмени препораки за надминување на постојната состојба и за иницирање измени на постојната законска регулатива од оваа сфера.

„Локалната самоуправа неколку дена пред да се случи угинувањето на околу 500 килограми плашица писмено ги предупреди надлежните институции да преземат мерки, а количините на угинатата риба беа намалени, бидејќи беа преземени низа активности, во кои беа вклучени „Водовод“ , „Нискоградба“ и „Охридски комуналец“, рече градоначалникот Јован Стојаноски.

— реклама —

На 19 ноември, во Студенчишкиот канал поради низок водостој и недостаток на кислород угина половина тон охридска плашица. За да има повеќе вода, „Охридски водовод” ги исклучи пупмите кои црпеа вода за пиење од каптажата над Билјанини Извори и беше поставена пумпа која внесуваше кислород во каналот.

Се проценува дека во каналот има околу 60 тони плашица, на која овој дел од брегот ѝ е природно зимувалиште.

извор: СДК.МК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања