Промени тема
Контакт

Студено утро, потопол ден – температури до 18 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarym5f239j3rm2r48hRBgD
Скопје1.мк

Минусни температури на планините и во дел од повисоките места, а преку ден пораст на температурите до 18 степени – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

— реклама —

Најниска температура утринава е измерена на Попова Шапка со -7 степени, по што следуваат Маврови Анови со -3 и Крушево со -2 степени. Под нулата се и Крива Паланка и Претор со -1 степен, додека нула степени се измерени во Охрид, Штип и Струмица. Во Тетово, Берово и Виница се измерени 1 степен, во Битола, Прилеп и Демир Капија 2 степени, Куманово 3, а во Скопје-Петровец, Зајчев Рид, Велес и Кавадарци 4 степени. Најтопло утринава е во Гевгелија со 6 степени.

— реклама —

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Охрид – 6 литри на метар квадратен, во Прилеп 5, во Крушево и Тополчани 4, во Битола 2, а во Маврови Анови и на Попова Шапка 1 литар на метар квадратен.

Снежната покривка е највисока на Попова Шапка со 61 сантиметар, додека во Крушево се измерени 3 сантиметри.

— реклама —

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Максималната температура ќе се движи од 11 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе се засилува. Дневната температура ќе достигне до 16 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Од -4 утрово до 28 степени преку ден: Голема температурна разлика низ Македонија

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library3ris6de2hrpl08pK26C

Голем пресврт на времето: Арктички студ стигнува на Балканот

Балкан | пред 2 седмици

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 3 седмици

soncevo

До 30 степени, но посвежо – засилен северозападен ветер низ Повардарието

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања