Промени тема
Контакт

Студено утро со дожд и снег: На Попова Шапка измерени –4 степени, врнежи во целата држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryvaj191t0469hbWksSvL
Скопје1.мк

Според податоците на УХМР, утрово се измерени ниски минимални температури низ државата. Најстудено било на Попова Шапка со –4 степени, додека –1 степен е регистриран во Берово и Маврови Анови. Во Крушево минималната температура изнесувала 0 степени, а во Претор, Радовиш – Пожар, Крива Паланка и Охрид 1 степен. Два степени се измерени во Битола, Тополчани, Пожаране и Ѓуриште, три степени во Прилеп, четири во Скопје – Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Велес и Тетово, пет во Скопје – Петровец, Струмица и Штип, додека најтопло утрово било во Демир Капија и Гевгелија со 7 степени.

— реклама —

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Гевгелија – 12 литри на квадратен метар. Во Крушево и Битола наврнале по 10 литри, во Демир Капија, Маврови Анови и на Попова Шапка по 6, во Велес и Пожаране по 4, во Ѓуриште 3, а по 2 литри во Скопје – Зајчев Рид, Тополчани, Штип, Радовиш – Пожар и Тетово. По 1 литар воден талог е измерен во Охрид, Берово, Виница, Кавадарци, Струмица, Претор и Крива Паланка.

— реклама —

Снежната покривка утрово до 7 часот изнесувала 36 сантиметри на Попова Шапка.

— реклама —

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови од земјата, каде количината може да надмине 20 литри на квадратен метар. Поради продор на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во дел од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната дневна температура ќе се движи од 3 до 8 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне околу 7 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Од -4 утрово до 28 степени преку ден: Голема температурна разлика низ Македонија

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library3ris6de2hrpl08pK26C

Голем пресврт на времето: Арктички студ стигнува на Балканот

Балкан | пред 2 седмици

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 3 седмици

soncevo

До 30 степени, но посвежо – засилен северозападен ветер низ Повардарието

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања