Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Студено утро со температури под нулата, најмногу снег на Попова Шапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Студено утро со температури под нулата е измерено во повеќе делови од државата, а најниска минимална температура од минус 3 степени Целзиусови е регистрирана на Попова Шапка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минимална температура од 0 степени е измерена во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево, додека 1 степен е измерен во Пожаране. Во Крива Паланка и Тополчани се измерени 3 степени, а во Берово, Ѓуриште, Тетово, Претор и Охрид 4 степени. Во Скопје на мерното место Зајчев Рид, како и во Битола, Прилеп и Виница, минималната температура изнесуваше 5 степени, додека 6 степени се измерени во Кавадарци, Струмица и Штип. Најтопло утрово било во Гевгелија со 8 степени, како и во Скопје-Петровец, Велес и Демир Капија со 7 степени.

— реклама —
— реклама —

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Битола и Гевгелија, каде наврнале 7 литри на квадратен метар. Во Крушево, Претор и Пожаране се измерени 6 литри, во Прилеп и Тополчани 5, додека во Тетово, Ѓуриште, Попова Шапка, Маврови Анови и Лазарополе се измерени 4 литри на квадратен метар. Во Скопје-Петровец и Велес наврнале 3 литри, во Охрид, Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија 2, а најмалку врнежи се регистрирани во Штип, Виница и Струмица.

— реклама —

Снежна покривка утрово има само на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени 67 сантиметри снег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sonce-so-termometar

ИЈЗ со препораки поради високите температури: Не излегувајте од 11 до 17 часот

Македонија | пред 5 часа

toplo-vreme-768x556

УХМР предупредува: Следува топлотен бран, температурите ќе надминат 40 степени

Македонија | пред 1 ден

sonce-so-termometar

Денес сончево и многу топло, температурите ќе достигнат до 39 степени

Македонија | пред 1 ден

toplo-vreme-768x556

УХМР издаде метеоаларм: Пеколни горештини до 2 август

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања