Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Студенти, аплицирајте веднаш! Стартува доделувањето ваучери за таблети и лаптопи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
w_56736105

Државата денес го активираше новиот повик преку кој студентите ќе можат да добијат вредносни ваучери за купување електронски уреди. Пријавувањето се одвива исклучиво онлајн, преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk, каде што услугата е веќе достапна.

— реклама —

Рокот за поднесување на барања е 20 декември 2025 година, а уредите купени со ваучер мора да се подигнат најдоцна до крајот на годината – до 31 декември 2025.

— реклама —

Како се аплицира?

Студентите кои веќе постојат во евиденцијата на МОН само треба да се најават на порталот и да ја изберат услугата „Јавен повик за доделување вредносен ваучер за студенти“. Системот сам ги проверува личните податоци, без потреба од документи. По одобрувањето, студентот потпишува изјава за искористување и го подига уредот кај избраниот економски оператор.

Студентите кои не се заведени во базата на МОН добиваат автоматско известување со линк до посебната услуга, каде што мора да прикачат потврда за редовен или вонреден студентски статус. По позитивното решавање на апликацијата, ваучерот им се издава на ист начин.

— реклама —

Каде се подигнуваат уредите?

Списокот на трговци кај кои може да се искористи ваучерот е објавен на порталот
uslugi.gov.mk/services/ustanovi/rzppk-nacionalniot-portal-za-e-uslugi-lte-p7c-rf

— реклама —

Министерството ги повикува студентите навремено да аплицираат и да ја користат можноста за набавка на нов електронски уред преку Националниот портал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4r1970ecvqeg8zePiFv

Студентите поднесоа тужба за субвенционираниот оброк, Јаневска вели дека се водат преговори за нов модел

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library5j49gda5if703D2sNtj

Македонските студенти: Победата во Србија покажа дека младите можат да влијаат врз промените

Македонија | пред 2 седмици

media-library0qjt4phj82nl5jIvL31

(Видео) И вечерва се слави во Белград на Славија, без политички говори, но со диџеи и огномет

Свет | пред 2 седмици

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Студентите бараат 200 денари за оброк, Јаневска вели дека максимумот е 147 денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања