„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Студентите нема да го преболат, омилениот професор Стојаноски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Почитуван и драг наш профeсор Јован Стојаноски,

— реклама —

Уште од првиот момент кога сите ние, студентите, првпат присуствувавме на вашите предавања, веднаш заклучувавме дека Вие сте посебен. Веднаш сите коментиравме дека професор Јован е различен од другите професори... Различен и единствен бевте со вашиот специфичен стил на предавања, вашиот грижлив и татковски однос кон нас, студентите.

И секогаш се прашувавме: колку далеку и колку високо ќе патувате во вашата професионална надградба...?

— реклама —

Единствен бевте и по својот карактер, остроумност и вистина која ја носевте во себе и со која допиравте до нас.

Ние сме сведоци на тоа дека кога Вие ќе влезевте на предавања, просторот добиваше некаква друга димензија, обземен од вашата професорка енергичност и желба да нѐ мотивирате да размислуваме со своите глави.

И секогаш го очекувавме тоа од Вас, а со нетрпение ја очекувавме и следната недела и следното Ваше предавање.

Она што Вие како аманет ни го оставивте нам, студентите, е немерливо, несогледливо, премногу е...

Вие со вашиот личен пример ни покажавте и докажавте како се бори за вистината и за себе, како секогаш се оди до крај во борбата, но чесно и со Бог.

Ни покажавте како се презира сѐ што е лажно, сѐ што е погрешно, ни покажавте како работите да ги нарекуваме со нивните вистински имиња без оглед на тоа колку тешко би звучеле.

Ни покажавте како да бидеме горди на своите корени и потекло, бидејќи како што кажувавте Вие Профа, она што нè разликува го носиме во срцето и во мислата.

Ни покажавте како може да се биде директен и искрен, а истовремено да се биде достоинствен и авторитативен.

Ни покажавте колкава големина носите во себе кога секој студент, секој колега, секој вработен, секој случаен познајник или непознајник што ќе го сретневте низ ходникот на ФТУ ќе го поздравевте прво Вие.

Ни покажавте како се сака „Партизан“ и како се навива за тимот што се сака.

Но, пред сѐ, ни покажавте и докажавте како да бидеме свои.

Тагата е голема колку што и Вие бевте голем како човек.

Чест ни е што бевме ваши студенти и што ја имавме привилегијата да ги слушаме Вашите предавања и да Ве запознаеме како наједноставен човек, а во исто време НАЈГОЛЕМ!

Ви благодариме за сè што ни дадовте, а ни дадовте многу.

Имаме уште многу да Ви кажеме, драг професоре, но предупредени сме од вашата мера за добар вкус кој беше ваша вродена одлика и Ви порачуваме дека вечно ќе живеете во секое едно студентско срце.

НИ БЕВТЕ И ЌЕ НИ БИДЕТЕ НЕДОСТИЖЕН ИДОЛ!

ВЕ САКААТ ВАШИТЕ СТУДЕНТИ,

ВЕЧНА ВИ СЛАВА

ADIO ПРОФА!

Студентите од Факултет за туризам и угостителство - Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања