Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ упати новогодишни барања до Државниот студентски дом, Град Скопје, Министерството за образование и наука, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и до Владата.
Па така, од ДСД бараат да ангажираат пет психолози кои ќе нудат бесплатна психолошка помош за студентите сместени во државните домови во Скопје.
Од Министерството за образование и наука бараат покачувањето на студентските стипендии да важи за сите студенти, не само за новите стипендисти, туку и за оние кои веќе земаат и ја продолжуваат својата стипендија.Дополнително, од УСС УКИМ бараат и враќање на правото на студентите од еднородителските семејства да плаќаат половина котизација за семестар на државен универзитет. Апелираат министерството да вложи во капитални проекти за подобрување на образовната инфраструктура. Во нивните барања до МОН се споменува и изработка на нов модел за финансирање на високото образование.
/270748501_442109324075656_3956482369087003509_n" rel="attachment wp-att-156101">
Од Градот Скопје, пак, бараат да се отвори читалната на библиотеката „Браќа Миладиновци“ за да биде достапна постојано за студентите кои се подготвуваат за јануарската испитна сесија. Покрај ова, од градските надлежни бараат и реновирање и одржување на дворот на Техничкиот кампус факултети и на заедничкиот двор на Педагошкиот и Факултетот за ликовни уметности. Потсетуваат и на нивното претходно барање за обезбедување бесплатен јавен превоз за студентите од втор и трет циклус на студии.
/270949998_442109450742310_4254672733770098978_n" rel="attachment wp-att-156103">
Од Министерството за здравство се надеваат на поддршка и помош за враќање на студентите на настава со физичко присуство.
/270520088_442109520742303_7449894506170077088_n" rel="attachment wp-att-156104">
/270468274_442109687408953_3336961126932927593_n" rel="attachment wp-att-156105">