Промени тема
Контакт

Студентите во студ, струја и натаму нема: што го предизвика прекинот кој трае повеќе од 24 часа?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Охрид
media-library68lqudr5j7e8cXu0JBy

И по повеќе од едно деноноќие, во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид сè уште нема електрична енергија, а студентите остануваат без основни услови за престој. Од управата на домот нема конкретни информации за причините за прекинот, ниту пак одговор на телефонските повици и барањата за појаснување од јавноста.

Единствената достапна информација е јавната објава дека проблемот треба да биде решен во текот на денешниот ден, но без прецизирање кога настанал дефектот, зошто дошло до прекин и во кој термин се очекува нормализација на снабдувањето со струја. Тие решението го чекаат од Министерството за образование и наука.

— реклама —

Во меѓувреме, студентите и натаму престојуваат во студени простории, без греење и топла вода, во услови на целосна неизвесност и без навремено институционално информирање.

— реклама —
media-libraryo8g513bvtg5j65OMfE2

Струја во охридскиот студентски дом нема да има до сабајле, студентите добија извинување, решение чекаат од Министерството за образование

Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид со кратко соопштение им се извини на студентите прекинот на електричната енергија кој трае од 10 часот утрото (на 09 февруари), поради кој тие останаа без струја, греење и топла вода.Од управата на домот информираат дека биле известени од Министерството за образование и наука дека проблемот со снабдувањето со електрична енергија ќе биде решен во текот на утрешниот ден.„Им се извинуваме на студентите кои се сместени во Д.С.Д. ‘Никола Карев’ за прекинот со

Охрид | пред 7 месеци

— реклама —
media-library68lqudr5j7e8cXu0JBy

(Видео) Свеќи наместо светло, без греење, со конзерви за вечера: Студентите од „Никола Карев“ без струја повеќе од 12 часа

Повеќе од 12 часа студентите кои престојуваат во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид се без електрична енергија, со што се соочија со целосен прекин на греењето, немање топла вода и услови за нормално функцонирање.Според сведоштвата, струјата била исклучена околу 10 часот наутро, а и до моментот на објавување на овој текст се уште е во мрак. Студентите велат дека биле принудени да користат свеќи и блицеви од мобилни телефони за најосновно движење низ просториите, додека ниските температури

Настани | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 3 дена

media-library5fo4kjgphv4q1vD8iu1

(Видео) Охридската чаршија во ритамот на Здравко Чолиќ: Расположен охриѓанец го украде вниманието со својот танц

Вирално | пред 6 дена

IMG_4187

Скопјанец исчезнал на плажа во Охрид, на брегот му се најдени алиштата и телефонот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања