Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Свеќи наместо светло, без греење, со конзерви за вечера: Студентите од „Никола Карев“ без струја повеќе од 12 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Настани
media-library68lqudr5j7e8cXu0JBy

Повеќе од 12 часа студентите кои престојуваат во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид се без електрична енергија, со што се соочија со целосен прекин на греењето, немање топла вода и услови за нормално функцонирање.

— реклама —

Според сведоштвата, струјата била исклучена околу 10 часот наутро, а и до моментот на објавување на овој текст се уште е во мрак. Студентите велат дека биле принудени да користат свеќи и блицеви од мобилни телефони за најосновно движење низ просториите, додека ниските температури дополнително го отежнале престојот во објектот поради немање греење.

Поради прекинот на електричната енергија, студентите немаат ниту топла вода, што целосно се оневозможени основните хигиенски потреби. Како што наведуваат, за вечера им била поделена конзервирана храна, која ја јаделе во мрак, на свеќи, без никакво дополнително објаснување или алтернативно решение од страна на управата.

— реклама —

Особено револтирачки за студентите е, како што велат, целосниот молк од надлежните. Тие тврдат дека не добиле никаква официјална информација за причините за прекинот на струјата, ниту пак колку време ќе трае проблемот.

— реклама —

До управата на студентскиот дом, „Скопје1“ упати прашања за тоа зошто е прекинато снабдувањето со електрична енергија, дали постои план за итно решавање на проблемот, зошто студентите не се навремено информирани и зошто во вакви услови не е обезбедено поадекватно решение за исхрана и престој. До моментот на објавување на текстот, одговор од надлежните не е добиен.

Студентите бараат итна интервенција и јасна комуникација, предупредувајќи дека ваквите услови не само што го нарушуваат нивниот секојдневен живот и студирање, туку претставуваат и сериозен ризик по здравјето, особено во зимски услови.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 3 дена

— реклама —
media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 5 дена

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 5 дена

media-library97kv8qhuab0i2Fx67P5

Свечена академија „Од идеја до независност“ по повод 23 Октомври

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања