Промени тема
Контакт

Студот попушта, нови врнежи се очекуваат по 21 јануари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
DSC_0047

Македонија и во наредните денови ќе биде под влијание на антициклон, односно поле на висок воздушен притисок, што ќе услови стабилно, суво и тивко, но и понатаму студено време, особено во ноќните и утринските часови.

Иако утринските температури ќе останат под нулата, екстремниот студ постепено ќе попушта. Преку ден, температурите ќе се искачуваат од 2 до 9 степени, додека во Скопје и околината ќе достигнуваат до околу 7 степени.

— реклама —

Поради антициклоналното влијание во зимски услови, во следните неколку денови ќе има појава на магла и ниска облачност, најизразена во котлините и по речните долини, особено во утринските и ноќните часови.

За денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од западен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од -1 до 7 степени, а во Скопје до 5 степени.

— реклама —

Минималните утрински температури се спуштија и до -12 степени во Берово, -11 во Крива Паланка и -10 степени во Демир Капија, Крушево и на Попова Шапка. Снежна покривка има најмногу на Попова Шапка со 26 сантиметри и во Крушево со 15 сантиметри.

— реклама —

Позначителни врнежи од дожд и снег, како и формирање нова снежна покривка, засега се очекуваат околу 21 јануари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
soncevo

До 30 степени, но посвежо – засилен северозападен ветер низ Повардарието

Македонија | пред 1 ден

toplo-vreme-768x556

Жолт аларм во цела Македонија: Утре над 40 степени

Македонија | пред 3 седмици

toplo-vreme-768x556

Топлотен удар во Скопје: Бетонот ја задржува жештината, улиците остануваат празни

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања