Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Субвенции за 30.000 велосипеди ветува Шилегов за следниот мандат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
silegov-1

Град Скопје во изминатите четири години ги насочи средствата на скопјани во финансиска поддршка за проекти и субвенции кои дадоа одличен резултат во делот на намалување на загадувањето и здравите животни навики. Градот се грижеше за животната средина и нејзиното унапредување како никогаш порано.

— реклама —

Оваа стратегија даде резултат, денес живееме во град со почист воздух, со повеќе алтернативен превоз како велосипеди, а граѓаните ги заменија нееколошките печки со еколошко греење.

- За четири години доделивме 15.000 субвенции за велосипеди и 700 електрични тротинети. Во следниот мандат, оваа бројка ја зголемуваме за двојно и предвидуваме субвенции за 30.000 велосипеди, изјави Шилегов на денешната прес-конференција.

— реклама —

- Во рок од еден мандат, преку субвенции стимулиравме 5000 домаќинства да ги заменат нееколошките грејни тела со еколошки. 5000 оџаци помалку чадат во Скопје благодарение на оваа поддршка. Во следниот мандат издвојуваме еден милион евра годишно субвенции за инвертер клима уреди, односно 4 милиони евра за наредните 4 години. Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин во Скопје и уште повеќе да го намалиме загадувањето, потенцираше градоначалникот Шилегов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања