„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Судењето за „Ликвидација“ одложено за 3 септември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

tomislav-kezaroski

Поради остсутво на еден член на поротата, повтореното судење за предметот „Ликвидација“ е одложено за 3 септември.

— реклама —

Судијата Осман Шабани рече дека рочиштето во кое обвинетите беа осудени за прекршување на законот за кривична постапка и на законот за заштитен сведок во случајот за убиство на старецот од Ореше, се одлага поради здравствени проблеми на еден поротник.

Новинарот Томислав Кежаровски кој беше обвинет во предметот, рече дека од судењето очекува правилност и правичност и дека се надева дека ќе ја извојува победата. Неговиот адвокатот Филип Медарски рече дека делото за Кежаровски е застарено и очекува обвинителството да реагира на тоа.

— реклама —

Во 2013 година обвинетиот Валентин Зафиров доби казна од пет и пол години за неовластено оддавање информации и податоци за сведоците и противправно посредување, како и новинарот Томислав Кежаровски – четири и пол години затвор, бидејќи според пресудата тој во 2008-тата година во два последователни броеви на ревијата „Репортер 92“ го оддал идентитетот на заштитениот сведок во предметот „Ореше“. Сабедин Џини-Хофман, Сашко Лазаров и Јане Павловски „Тица“, добија казни затвор од една до една и пол година.

Во 2015 година по одлуката на Апелација по жалба Кежаровски доби две години затворска казна,  адвокатот Воислав Зафиров , кој беше осуден на пет и пол доби 2 и пол години затвор, судијата во случајот „Ореше“ ,  Илија  Танев му е намалена казната на година и пол, на јавниот обвинител Ивица Ефремов на 3 години , а поранешните судии Борис Николовски и Сашо Лазаровски добија условни казни од една година доколку не го повторат делото во наредните три години.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања