„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Судијата е во Обвинителство: Бараат да оди во куќен притвор додека се истражуваат 350.000 евра најдени во ѕид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarykvthg4k5ut31a4JlRGp

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го сослуша осомничениот судија, при што му беа предочени сите досега прибрани докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил кривичните дела што му се ставаат на товар.

По спроведеното сослушување и оценка на објективните и субјективните услови неопходни за определување мерка за обезбедување на присуството на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор.

Покрај оваа мерка, обвинителството предложи и определување мерка на претпазливост, со која се бара привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање таков документ.

Од Обвинителството наведуваат дека предложените мерки се насочени кон обезбедување непречено водење на постапката, имајќи ја предвид тежината на делата и фазата во која се наоѓа истрагата. Одлуката по предлогот треба да ја донесе судијата на претходна постапка.

Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, при што во домот на неговите родители во Неготино, за време на претрес извршен по наредба на суд, беа пронајдени 350.000 евра скриени во соѕидан простор во ѕид. Обвинителството соопшти дека парите се сомнителни како незаконски стекнати, а постапката е дел од поширока истрага за висока корупција, поткрепена со информации од Агенцијата за национална безбедност.

— реклама —

Судијата и натаму ужива имунитет, кој може да му биде симнат од Судскиот совет, по барање на судија на претходна постапка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 2 дена

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Даночна шема тежи стотици милиони: во шемата се и вработени во УЈП, а обвинети се 10 лица

Македонија | пред 3 дена

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

Битолчанец вработен во училиште осомничен за детска порнографија: истрагата е почната откако Австралија открила ИП-адреси од Македонија

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypbljlq75q2ajbXJSh72

Ленче Ристовска останува без предметот за ВМРО-ДПМНЕ, Ана Гоговска без „Онкологија“; Савески: Обвинителството е во хаос

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања