„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Судијката која му изрекла воспитна мерка на возачот Васил Јованов не го прекршила законот, ниту била пристрасна, заклучиле членови на Судскиот совет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
jovanova-jovanov-1412

Судскиот совет не најде прекршување на законот од страна на судијката Даниела Алексовска Стојановска од Кривичен суд која му одредила заводска мерка на возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова, во судскиот процес каде му се судело за дрога. Предложено е само извештајот да се донесе до Обвинителството и Советот на обвинители, поради тоа што Судскиот совет има замерки на завршиот збор на обвинителот кој го гонел Јованов во тој случај. Според Судскиот совет, заводската мерка е согласно одредбите на Кривичниот законик, а судијката не постапила спротивно на истиот.

— реклама —

„Извештајот од посетата да се достави до Обвинителството во Скопје, бидејќи има определени согледувања за нивното постапувања, за да истите бидат запознаени. Дополнувам и да се испрати до Советот на јавни обвинители. Втор заклучок: наводите за пристрасност при одлучувањето на судијата во однос на постоење на причини за изземање, оваа работна група смета дека испинатите околности не се од такво карактер за да предизвикаат сомневања за нејзината пристрасност и не се во рамки на предвидените причини за изземање“, рече Данка Ристова, член на Судски совет.

Ристова посочи дека прашале и зошто на Јованов му бил укинат притворот кога му била изречена воспитна мерка наместо затворска казна. Судијката посочи дека тоа го правеле по службена должност и дека тоа било воспоставена пракса. Но ова тврдење не можеле да го потврдат.

— реклама —

„Вакви предмети за изречена заводска мерка на помлад малолетник се многу ретки, и во Скопје и во другите судови. Решението со кое на обвинетиот му е укинат притворот не е обжалено“, додаде Ристова.

Ивица Николовски, член на Судскиот совет кажа дека потфрлиле во заштита на интегритетот на судијата. Смета дека человкупната вина не може да биде префрлена на судовите.

„Сите сме свесни и согласни, беше судијата осуден од јавноста, а ние како Судски совет не успеавме да го заштитиме интегритетот на овој судија, а тоа една од нашите основни надлежности. Дозволивме дискредитирање на оваа колешка, која е граѓанин како сите други, професионалец. Наша надлежност не е само да бараме одговорност на судии туку и да ги охрабруваме и на тој начин чекориме кон независност и самостојност. Не успеавме иако имавме обиди. Од овој извештај се потврдува мојот став, колку еден судија е неквалитетен и несовесен, не може да биде толку моќен во алката на правораздавањето. Ако останатите делови од оваа алка се ефикасни, последица е на судијата да биде ефикасен. Од овој извештај гледам, кај обвинетото лице (Васил Јованов), со години од надлежни органи било констатирано однесувањето спротивно на закон и иако имало повеќе такви констатации, воопшто не е процесуирано. Со право се поставува прашањето, што требало да направи за да биде процесиуриан во постапка согласно со законот. Дали ова укажува дека не може целокупната вина да биде на судовите, туку овде станува збор за поширока неодговорност или недоволна превентивност“, рече Ивица Николовски.

Антоанета Димовска смета дека Судскиот совет треба да испита факти, а не да штити.

„Во моментот кога ќе се случи нешто, се случи трагедија, ниту треба да го заштитиме ниту да го нападнеме судијата. Требаше да ги испитаме фактите, тоа е наша обврска. Факт е дека е створена фама во општеството и дека за се се виновни судиите. Ама ние треба само да ги испитаме фактите и да предложиме заклучоци. Жал ми е поради тоа што им се случува на колегите, ама се надевам дека тоа ќе се исправи и дека некои работи се системски пропусти“, рече Димовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања