Возило на косовската полиција удри во автобус кој превезувал ученици од српска националност од село во близина на Грачаница, при што се повредени девет деца кои се надвор од животна опасност. Во несреќата се повредени и двајцата полицајци кои биле во полициското возило.
Несреќата се случила утрово во шест часот и 30 минути, а во првичната информација која ја објавија косовските медиуми, повикувајќи се на портпаролаката на косовската полиција Флора Ахмети, беше кажано дека се повредени 21 ученик.
Началникот на полициската станица во Грачаница, Братислав Трајковиќ изјави дека несреќата се случила во близина на кружен тек во Грачаница и дека возилото на косовската полиција удрило во автобусот кој превезувал деца за во училиште.