Судот на честа на Лекарската комора достави обвинение против анестезиологот Дервиши кој снимаше пациенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230418172845

Лекарската комора на македонија денаска на прес-конференција соопшти дека обвинителот на Судот на честа на Лекарската комора до овој Суд достави обвинение против доктор Ваљтон Дервиши, анестезиолог вработен во ЈЗУ КБ Тетово кој снимаше пациенти, со предлог да му се изрече мерка за времено одземање на лиценцата за работа.

— реклама —

- Согласно процедурите и правилниците, денеска итно се одржа вонреден состанок на Комисијата за етички и правни прашања. По детална расправа и разгледување на случајот, комисијата донесе едногласна одлука за покренување постапка пред Судот на честа на Лекарската комора. Обвинителот на Судот на честа, по разгледување на пријавата, ја прифати и до Судот на честа на Лекарската комора, достави обвинение против доктор Ваљтон Дервиши, анестезиолог вработен во ЈЗУ КБ Тетово, со предлог судот на честа, да му изрече мерка, за времено одземање на лиценцата за работа. Согласно правните регулативи, обвинението му се доставува на докторот, информираше на прес-конференција претседателката на Лекарската комора Калина Гривчева Старделова.

— реклама —

Комората итно ги свикала органите и телата за да се разгледа конкретниот случај со инцидентот во ЈЗУ Клиничка болница Тетово, каде, како што посочи, лекар вработен во оваа здравствена установа ја искористил својата позиција и ги нарушил правата на пациентите и нивното достоинство, а со тоа го нарушил угледот и честа на лекарската професија.

— реклама —

Комората, како што рече Старделова, уште еднаш изразува најостра осуда за инцидентот и искрено жалење за состојбата во која се доведени пациентите.

- По истек на минималните временски рокови предвидени во постапката, судот на честа ќе заседава за донесување на конечна одлука, рече Гривчева Старделова.

Активно ќе се следат сите вакви инциденти. Судот на честа сега во конкретниов пример, може да изрече привремено одземање лиценца од максимум седум години. Откако има овластувања, од Лекарската комора трајно се одземени две лиценци, а две времено врз основа на судска пресуда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања