„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Судот одлучи: Поранешниот државен правобранител Стафа и натаму останува во притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
media-librarycamf6fn7pbc43mfRuk9

Притворот за поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е продолжен за дополнителни 30 дена, по одлука на надлежниот суд, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

— реклама —

Стафа е осомничен за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание и против него се води истрага поради сомнежи дека посредувал со цел да влијае врз судска одлука. Според обвинителството, во периодот од октомври до декември 2025 година, тој побарал 100.000 евра, а примил вкупно 50.000 евра, за да изврши влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје со цел да биде укинат притворот на лице кое во тој момент било во бегство.

Првата транша од 30.000 евра, како што наведуваат истражните органи, била предадена во октомври од сестрата на лицето кое се наоѓало во бегство. При примањето на преостанатите 20.000 евра, на 13 декември, Стафа бил фатен и лишен од слобода во рамки на полициска акција, при што кај него биле пронајдени парите.

— реклама —

Судот ја продолжи мерката притвор оценувајќи дека и натаму постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и постапката, како и ризик од повторување на кривичното дело. Истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања