Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Судска битка тешка милијарди: Маск против OpenAI и Microsoft

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
elon-mask

Илон Маск покрена судска постапка против OpenAI и Microsoft, со која бара отштета во износ до 134 милијарди долари, тврдејќи дека двете компании незаконски стекнале огромна добивка врз основа на неговата рана финансиска и институционална поддршка на организацијата што развива вештачка интелигенција.

— реклама —

Според судските поднесоци, OpenAI наводно остварил добивка меѓу 65,5 и 109,4 милијарди долари, додека Microsoft инкасирал од 13,3 до 25,1 милијарда долари, благодарение на процеси и трансформации што, според Маск, се спротивни на основачката мисија на организацијата. Маск бил еден од коосновачите на OpenAI во 2015 година, кога организацијата функционирала како непрофитна, а од неа се повлекол во 2018 година.

Во тужбата се наведува дека Маск вложил околу 38 милиони долари, што претставувало околу 60 отсто од почетното финансирање на OpenAI. Со тие средства, според неговите адвокати, биле регрутирани клучни кадри, обезбедени важни контакти и ѝ бил даден кредбилитет на организацијата во раната фаза на развој.

— реклама —

OpenAI остро ја отфрли тужбата, оценувајќи ја како „неоснована“ и дел од, како што наведуваат, кампања на Маск за притисок и злоупотреба на судскиот систем. Од Microsoft, пак, соопштија дека не постојат докази дека компанијата „помагала или поттикнувала“ какво било незаконско постапување. Потсетуваат дека Microsoft првпат инвестирал во OpenAI во 2019 година, веќе откако Маск ја напуштил организацијата.

Маск денес е сопственик на компанијата xAI и развива конкурентски чет-бот со име „Грок“, а во тужбата тврди дека OpenAI ја прекршил својата основачка мисија преку трансформацијата од непрофитна во комерцијална структура.

Судија во Оукленд, Калифорнија, на почетокот на месецов одлучи процесот да се води пред порота, а судењето е закажано да започне во април. Во тужбата се наведува дека пресметката на потенцијалната отштета ја изработил финансискиот експерт К. Пол Вазан, а Маск, покрај финансиска компензација, најавува дека може да побара и дополнителни санкции.

Од OpenAI и Microsoft побарале од судот да ја ограничи или целосно да ја отфрли експертизата на Масковиот финансиски советник, оценувајќи ја како „измислена, непроверлива и без преседан“. Според нив, барањето за пренос на милијарди долари од организација во која Маск бил донатор, а подоцна станал конкурент, претставува опасен и правно неодржлив преседан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ilon-mask

Историски пакет за Маск од билион долари: Акционерите на „Тесла“ му ја дадоа највисоката плата во корпоративниот свет

Свет | пред 2 месеци

media-librarykne2pg9kpgq7dFwOrDv

(Видео) Трамп и Маск повторно лице в лице: Читач на усни откри што си рекле еден на друг

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Илон Маск ја изгуби титулата најбогат човек во светот

Свет | пред 4 месеци

Нема фотографија

Бразилскиот суд нареди итно суспендирање на платформата Х: Казната за обид за пристап до мрежата е 8.000 евра дневно

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања