Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Судски подготвен да ја врати Дамева за претседател, ако тоа го наложува Управен - пресуда немаат добиено

објавено пред 1 година -

Македонија

Судскиот совет е подготвен да ја врати Весна Дамева на претседателското место, доколку така стои во пресудата од Управниот суд. Оттаму посочуваат дека се уште немаат добиено ништо на писмено, нешто што го потврди и самиот суд. Истата треба да биде испратена во текот на идната недела до сите странки во постапката.

— реклама —

„Судскиот совет се уште не ја добил пресудата. Откако ќе ја добие, ќе ја разгледа и потоа ќе биде ставена на седница. Во зависност што ќе содржи во неа, ќе се постапи во законскиот рок“, велат од Судски совет.

— реклама —

Против пресудата на Управен суд, нема право на жалба. Истата треба да се спроведе. „Скопје1“ исконтактира и со Дамева која посочи дека ќе ја продолжи започнатата борба, а пресудата за нејзе претставува правдина, а не триумф.

— реклама —

„Останува борбата против корупцијата од било кое место и било која позиција. Не престанувам со борбата против корупцијата, дали како член, дали како претседател. Не се бориме за триумф ова ќе значи дека правдата е задоволена“, рече Дамева за „Скопје1“.

Разрешувањето на Дамева помина контроверзно. Ги налути и странците, донесе и стопирање на холандски проект преку кој требаше Судскиот совет да се унапреди во работата. Истото беше проследено и со барање за распуштање, нешто што не беше спроведено.

317944322_1200592960811092_1389313927421024737_n

Весна Дамева одговара дали е триумф што ќе биде повторна претседателка на Судски совет

Разрешената претседателка на Судски совет, Весна Дамева, за „Скопје1“ посочува дека нема добиено одлука од Управниот суд, како и дека од медиумите прочитала дека истата е донесена, а таа се враќа на позицијата каде беше. Посочува дека доколку е така, тоа за нејзе нема да е триумф, туку задоволување на правдата. Сепак, посочи дека ќе почека да ја види одлуката и да прочита во диспозитивот од одлуката што е точно одлучено.„Јас разбрав преку текст. Ниту имам примено, ниту официјално имам добиено. Ништо не знам. Јас сакам искрено да почекам да видам каков е диспозитивот, за да видам што е точно одлучено“, вели Дамева за „Скопје1“.Прашана дали ако ја вратат на претседателската функција, тоа ќе е триумф за неа, таа посочува: Останува борбата против корупцијата од било кое место и било која позиција. Не престанувам со борбата против корупцијата, дали како член, дали како претседател. Не се бориме за триумф ова ќе значи дека правдата е задоволена“.Посочи дека со колегите, кои се членови на Советот е во коректни односи, како и дека никогаш не била надмена, а одговарајќи на прашање дали би се гледала низ нишан со нив, при евентуално враќање на претседателската функција.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања