Судскиот совет на денешната итна седница не расправаше за избор на нов претседател по оставката на Весна Дамева од функцијата претседател.
На седницата не дојдоа двајца членови: Лорета Ѓорѓиева и Александар Камбовски.
Членовите кои беа присутни, едногласно одлучија дека е подобро да бидат во комплетен состав кога ќе се бира претседател.