„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Судски совет е нелегитимно тело - Ковачевски се согласи со холандскиот амбасадор

објавено пред 2 години -

Македонија
386627627_10231993577211575_2872631339681207009_n

Со една реченица, повикувајќи се на изјавите од двајца амбасадори кои упатија сериозни критики, премиерот Димитар Ковачевски го искритикува Судскиот совет. Тој смета дека американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер е во право кога изразува разочараност во работата на судското тело, а холнадскиот амбасадор Дирк Јан Коп не греши кога укажува дека судското тело е нелегитимно.

— реклама —

„Во однос на Судски совет, ги делам размислувањата со американскиот и холандскиот амбасадор“, рече Ковачевски.

Судскиот совет од утринава држи работна средба, зад затворени врати и без медиуми, каде анализира како ќе ја спроведе пресудата на Управниот суд за враќање на контроверзно разрешената Весна Дамева на претседателската функција. Нема информации што се дискутира со часови, а детали се најавени по завршување на сребата.

— реклама —

Дамева беше разрешена во април минатата година. Прво јавно пред камери, а потоа и тајно зад затворени врати. Таа поднесе тужба до Управен суд, но и кривична пријава до скопското Обвинителство. Управен досуди дека нема соодветно образложение за таа да биде разрешена, ниту пак постапката е спроведена согласно закон.

Разрешувањето на Дамева дојде по писмото од американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер која изрази загриженост поради нивни донесени одлуки. Па со изговори дека Дамева го криела писмото, Судски совет тргна во оход да ја разрешува. При гласањето, за разрешување на Дамева гласаа седум члена на Судскиот совет, по што Адеми констатира дека Дамева е разрешена.

Холандија пак, стави во мирување голем проект со Судски совет за зајакнување на ефикасноста и транспарентноста. Амбасадор на оваа земја во Скопје, Дирк Јан Коп, Судскиот совет го оцени како нелегитимно тело.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања