Сугарески и Китанов ги исконтролираа градежните работи во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ohrid-turisticka-1

Се реконструира булеварот „Туристичка“.Денес, увид за текот на градежните работи на булеварот „Туристичка“  извршија, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов и в.д. градоначалникот Константин Георгиески, а претходно имаа работна средба во кабинетот на градоначалникот.

— реклама —

- Во име на жителите од Охрид, сакам да ја пренесам благодарноста до Владата и министерството за транспорт и врски, а особено до министерот Горан Сугарески, за брзата реализација на нашето барање, а тоа е реконструкција на булеварот „Туристичка“. Булеварот кој веќе подолги години беше во очајна состојба, претставуваше грда слика за градот. Отежнато  движење по лошиот асфалт беше причина околните сообраќајници да бидат преоптоварени со сообраќај и да се создава непотребен метеж. Со реконструкцијата сето тоа ќе биде минато и граѓаните и туристите ќе добијат пофункционален булевар, изјави в.д. градоначалникот Георгиески.

— реклама —

По завршувањето на реконструкцијата Охрид ќе добие еден репрезентативен булевар, кој значително ќе го подобри функционирањето на сообраќајот во градот.

Она што пред неколку месеци го најавивме со директорот за државни патишта, Зоран Китанов, а тоа е започнувањето со градежната офанзива, практично од овој период со почнувањето на градежната сезона го остваруваме. Сакам да потенцирам дека Охрид и охридскиот регион се особено важни за нас. Во наредниот период интензивно ќе се работи на реконструкција, конкретно за транзитниот дел на градот, булеварот „Туристичка“ и стариот пат за Струга. Се она што го најавуваме во изминатиот период во најголема мера ќе биде остварено, рече министерот Сугарески.

Во моментов во Охрид се работи на три реконструкции на патишта во должина од 18,2 километри.

Пред три дена започнавме петнаесет реконструкции на патишта, од кои три се во Охрид. Должината на реконструираните патишта во Охрид ќе бидат во должина 18,2 километри. Предвидено е градежните работи да завршат до месец јули, се со цел Охрид, туристичката сезона да ја пречека подготвено. Во тек е тендерска постапка за изработка на проект за реконструкција на патниот правец Охрид – Св. Наум, каде планираме да извршиме голема реконструкција, потенцира директорот Китанов.

Се очекува градежните работи да бидат целосно завршени пред почетокот на летната туристичка сезона.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања