Промени тема
Контакт

Шукова: Парите за градски штаб ги донираме, градот е нашиот штаб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-librarymbvdmr2enqol5Kfpjzc

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, синоќа на митинг во општина Центар најави еден поинаков, пристап кон кампањата, во духот на солидарноста. Шукова и кандидатите за советници одлучиле да се откажат од градски изборен штаб и средствата да ги насочи таму каде што најмногу се потребни.

— реклама —

„Јас како кандидат за градоначалник и кандидатите за советници во Град Скопје се откажавме од градски штаб. Сите средства за работа на штабот ќе бидат уплатени за Домот за деца без родители на Град Скопје. Нашиот штаб е целиот град. Секоја улица, секое маало ќе ни биде штаб. Не ни треба градски штаб. Средствата се за тие на кои им се најпотребни,“ изјави Шукова.

— реклама —

Со оваа порака, Шукова ја отвори својата визија за политика што не почнува и не завршува во партиски штабови, туку меѓу луѓето во секој дел од градот.

Таа потсети на борбениот дух на Центар, како симбол на отпорот и граѓанската храброст.

— реклама —

„Во 2013 година, кога Македонија беше заробена во канџите на режимот, вие бевте симбол на пркосот и непокорот. Симбол на слободарскиот дух и борбата за слобода. Тука почна борбата за нашиот дом. И борбата ќе почне од тука, и за Скопје и за Македонија" рече Шукова.

— реклама —

Таа истакна дека оваа борба денес продолжува  не само за победа на изборите, туку за враќање на достоинството, за создавање модерно, зелено и хумано Скопје, град што ќе биде дом за сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6pfv0i87ni0ncRn4li1

Скопје девет дена ќе биде европски центар на танцот - Започна IDO European Dance Championship 2026

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryjq2pfbfuqspkdhnfBul

(Фото) Фатен на дело како создава дива депонија во Кисела Вода, инспекторите веднаш го санкционираа

Скопје | пред 2 седмици

media-librarytb3ud508667bd3vRR0V

(Видео) Скопје станува европска танцова сцена: Над 2.900 танчери доаѓаат на големото IDO првенство

Скопје | пред 2 седмици

media-library8nskkij5hd7c3DI8caq

(Видео) Дете падна од коњ среде улица во Скопје, коњот помина преку него

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања