Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Свеченост во спомен куќата на Прличев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

ОО
Spomen-kuka-Grigor20250206011

По традиција во рамки на „Прличевите беседи“ и годинава се одржа свеченост во родната куќа на Прличев, којашто пред 20 години беше реновирана и повторно отворена за посетителите. На настанот беа претставени и наградени најдобрите творби по распишаниот литературен конкурс на ООУ „Григор Прличев“ од ученичките Катја Крстаноска и Нина Кузманоска.

— реклама —

Пред присутните се обрати градоначалникот, Кирил Пецаков:

— реклама —

– Со поглед кон иднината поносни на минатото и културните епохи во кои го втемеливме културниот идентитет денес ги продолжуваме чествувањата за еден од најмаркантните ликови во Македонската книжевност и литератиура, просветител, преродбеник, книжевник и литератутрен деец, Григор Прличев. Горди и поносни на Вториот Хомер, на охриѓанецот Григор кој со поемата „Сердарот“ во некогашна Атина не вознесе до небесите и го стави нашиот културен жиг, денес сме тука во неговата родна куќа за да се радуваме на неговите современици, млади поетски таленти во кои живее современиот Прличев. Младите поетси Нина Кузманоска и Катја Крстаноска кои се првонаградени во двете категории по распишаниот литературен Конкурс на ООУ „Григор Прличев“, а по повод патрониот празник, се потврда дека се Прличеви деца и негови следбеници. На двете девојченца им посакувам успешна иднина со надеж дека нивните вредни раце ќе создадат дела налик слични и вредни на „Сердарот“ и „Скендербег“. И да јас верувам дека ќе го сторат тоа и тие и младите поети на кои ќе им се воахитуваме на наредните наши средби затоа што тие и сите ние во себе ги носиме гените на големиот Григор Прлилчев, на скромниот човек кој пред 165 години со грандиозната поема „Сердарот“ ги замолкна злите јазици на сите намерници кои во стара Грција го негираа постоењето на Македонија и се што е Македонско. Григор сам по себе е едно време, една културна епоха, затоа што докажа дека духовното, а не материјалното е вистинското богатство, дека темнината не може да се изгони со темнина, туку само со светлина, како што омразата не може да се отстрани со омраза, туку само со љубов. Денес 165 години по неговото упокојување жив е духот на пожартвуваната прличева мајка која скромно и чесно го изгледала својот син, а неговиот дедо на четири годишна возрас го научил да пишува и чита зошто „Умот кој еднаш бил просветлен, не може повторно да стане мрачен“. Ете уште тогаш во старо време нашиот духовен водач Прличев знаел дека слбоден е само оној што е образован зошто „Сѐ што ќе научите станува ваше богатство, богатство што не може да ви биде одземено, без разлика дали ќе учите во зградата наречена училиште или ќе учите од животниот учител. Учењето нови работи е безвременско задоволство и бесценето богатство.“ 195 години по раѓањето на Прличев тука во неговиот дом јавно се заветуваме дека нема да скршниме од неговиот пат. Ако тој, скромниот охриѓанец со острината на своето перо и големината на напишаната реч, ги наведна главите на „пците гладни“ на богатите, а празни глави, тогаш и ние можеме да направиме скромни, а големи дела. Никогаш да не дозволиме или допуштиме некој да го коментира нашиот свет македонски јазик, нашето писмо и реч затоа што тие се втемелени во нашиот генетски код и се основа на македонскиот идентитет. За овие свети работи не смее да се зборува или преговара, тие се нашето постоење од времто на Климента, Миладиновци, Прличев, Шапкарев, Рацин и многу други културни дејци. Тие се нашата СВЕТОСТ- потенцира Пецаков.

На средбата беше промовиран најновиот труд„Охридските писатели во книжевната критика“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо -Димоски. Промотор беше Бранко Цветкоски, а уредник на книгата е Митре Велјаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytsd3pera9qr97cJLx58

Пецаков: Општинскиот долг го намаливме за над 10 милиони евра, работиме на нови сообраќајни решенија, како и ново училиште

Македонија | пред 3 месеци

Kiril-Prlicev20250228011

𝟣𝟧𝟢 години од раѓањето на Кирил Прличев

ОО | пред 10 месеци

Nacrt-SOZS-Izvestaj-NSUT-Draft-SEA-Report-NWMS_MK-2

Јавен увид за национална стратегија за управување со тиња и извештај за стратегиска оцена

ОО | пред 10 месеци

145-36

Дигитализирана „Едицијата охридско книжевно наследство“

ОО | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања