Новинарот Саше Димовски кој вообичаено ја следи проблематиката во судството, за порталот „Сведок“, објави коментар под наслов: Кичевски, какви цигари пушиш, да ти испратам во притвор да не ти е досадно?
Димовски вели дека Кичевски ги поминал сите црвени линии за да дојде до новинарот и да му каже да „го замоли за услуга да ја избрише веста на фејсбук профилот“.
Во дел од својот коментар Димовски пишува:
Пред неколку месеци, на крај на 2018 мислам, имав случајна средба со кичевскиот во кафана, која воопшто не мислев дека би била вредна за споменување, ако тој не ја злоупотребеше, па ова моево е само колорит на неговата приказна.
Се исплашил човеков да не напишам нешто, а јас стварно ни на крај памет немав да се замарам со неговите швалерски способности, кога, во тој краток муабет од нога, јас одбрусив дека не го знам, а не ни сакам да гии знам кичевчаните, па излезе дека и јас и тој знаеме еден кичевчанец, за кој Милевски ми вели „па мене ми е брат“.Чудно, велам, мене ми е братучед, ама не знаев дека сте биле браќа!
Но, тој не заборавил на мене, па во текот на декември лани, кога објавив дека синот на Катица Јанева, Лазар работи во телевизијата која наводно е на Боки 13, Милевски, заедно со Боки 13, се испотепале да најдат врски кај мои блиски, за јас да сум го повлечел текстот. Катица Јанева седела во кафани и гласно викала дека знае кој од СЈО ми го нарачал текстот, дека тоа била хајла против неа, а во суштина, тоа бил почетокот на реализација на нивниот рекет план како да добијат 8 милиони евра
Ќе го заборавев и ова нивно лудо излетување, ако не се погодевме во јануари јас и Боки 13 во исто време во иста болница, јас поради сериозни компликации од кои едвај преживеав, пишува Димовски.
Тој го образложува како што вели и последниот излет на Кичевскиот кон него.Тоа се случило во клиника во Белград...
Димовски пишува:
Сега е јасно, милионите им биле заедничкиот интерес, но и позицијата на сведок во СЈО што му ја додели Лиле Стефанова во тој предмет, а пред која, како што ми тврдат од СЈО, Зоки Кичевски тврдел работи и во време кога не бил роден, пропеал се, набедувајќи ги Сашо Мијалков и Орце Камчев.
Сега Зоки и Боки кои рекетирале во име на Катица Јанева се во 30 дневен притвор. Знаејќи колку се мажи, убеден сум дека ќе пропеат и ќе кажат кој колку пари добил од земените 1.5 милиони евра. Затоа, чекајте апсење и на Катица Јанева, пишува новинарот Саше Димовски за поратлот „Сведок“.