ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма
Gkm-R5hydbU

Сведоштво од Карпош: Млада девојка која шеташе милениче ја нападна глутница кучиња, ја соборија на земја!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2024-10-10-at-13.10.41

Жителка на Карпош, во понеделникот објави сведоштво, каде според неа, млада девојка била нападната го глутница кучиња. Ова доаѓа во период кога скопјани посочуваат дека постојано се сведоци на чопор кучиња, а на социјалните мрежи има и куп снимки.

— реклама —

„Добро вечер, утринава бев сведок на многу непријатен, страшен настан, на улица Вич, во Карпош 4, веднаш до градинката, млада девојка додека си го шеташе миленичето ја нападнаа глутница кучиња. Девојката се обидуваше да се одбрани, но беа премногу кучиња околу неа, успеаа да ја соборат на земја, за среќа на помош и притрча маж и успеа да и помогне. Бидете внимателни кога излегувате со вашите миленичиња, а и кога се движите низ населбата. Премногу улични кучиња има =во школскиот двор на училиштето Петар Поп Арсов, спроти градинката, во паркот кај Трите убавици, (улица Вич број 24, 26 и 28) секоја вечер има глутници од најмалку десетина кучиња. Живеам на повисок кат и не успевам добро да ги снимам глутниците кои секоја вечер се во паркот, има и спроти Тинексот на Парапунов... Се јавив во Лајка, ми рекоа прати маил, тоа и ќе го направам, но не ми дадоа голема надеж дека нешто ќе се промени, направи....“, пишува во сведоштвото.

— реклама —

На ова, жителката посочи и: „Мажот кој и помогна на девојката не живее во населбата, туку работи тука, на реновирање на некој од становите во низот. Носеше униформа и вадеше алати од службено возило. Ве молам не ширете дезинформации, и не го користетет постов да си израмните сметки со некој. Девојката ја нападна глутница кучиња, не едно и немаше никој околу неа, се додека човекот не се стрча да и помогне“.

Дел од граѓаните одговорност не лоцираат во ЈП Лајка задолжена за третирање на бездомните кучиња, туку во неодговорните сопственици.

„Кога ќе престанат сопствениците да си ги испуштаат кучињата кога ќе им здосадат, кога ќе има казни за неодговорно сопствеништво и тоа по 500 евра најмалку за нечипирано куче, кога ќе се воведе задолжителна стерилизација на сите миленици барем додека не се реши проблемот, ни Лајка ни Анима никој не може да помогне. 20 се ловат, истиот ден 15 нови се пуштаат. Да не зборувам за цели исфрлени легла“, пишува друга жителка.

Поплаки и од Карпош 3.

„Кога ќе престанат сопствениците да си ги испуштаат кучињата кога ќе им здосадат, кога ќе има казни за неодговорно сопствеништво и тоа по 500 евра најмалку за нечипирано куче, кога ќе се воведе задолжителна стерилизација на сите миленици барем додека не се реши проблемот, ни Лајка ни Анима никој не може да помогне. 20 се ловат, истиот ден 15 нови се пуштаат. Да не зборувам за цели исфрлени легла“, пишува жителка на оваа населба.

Аеродром навечер. Незгрижените улични кучиња се надлежност на ЈП Лајка, кое е под Град Скопје. Тие пак според програмата ги третираат и враќаат на улица. Кучињата се групираат, а граѓаните реагираат дека тоа им предизвикува страв да се движат слободно по улица. Други пак, на социјалните мрежи ги бранат кучињата што лаат и трчаат по луѓе велејќи: „Бранат територија“. Сепак, проблемот - останува.

Првотимецот на ракометниот клуб Вардар Вуко Борозан е искасан од куќиња и има 15-тина конци по рацете, нозете и телото и е неизвесен за утрешниот дуел на скопскиот клуб со Порто во Европската лига, изнформираше денеска тренерот на Вардар, Владо Недановски.

-Не знам што се случува во градот. Нападнат е од кучиња скитници кои го имаат искасано. Си ги бранел децата на прошетка, рече Недановски за (не)спортската повреда на црногорскиот ас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања