Промени тема
Контакт

Сведоштво: Скопјанка и спасила живот на Србинка која патувала за Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
tabanovce-i-bogorodica

Србинката Александра преку големата фејсбук-група „Грчка инфо“ испрати јавна благодарност до скопјанката која ѝ го спасила животот додека патувала за Грција на одмор со семејството, кога ненадејно ѝ се слошило и се онесвестила покрај патот.

— реклама —

За жал, многу минувачи не застанаа да помогнат, но една храбра и милосрдна жена, Ана Петровски од Скопје, не се двоумеше. Ана беше единствената која го запре својот автомобил и дојде да помогне. Таа ми пружи прва помош и ме врати во живот, додека моите деца плачеа, а мојот сопруг очајнички се обидуваше да запре други возила, пишува Србинката.

Како што понатаму истакнува, нејзината несебична и професионална реакција била пресудна во тој тежок момент.

— реклама —

Ана, ти благодарам од се срце што покажа дека се уште има добри луѓе на светот. Вашата скромност и несебичност се навистина трогателни. На крајот Ана само не поздрави и ни посака Божја заштита, а потоа дискретно си замина. Вашите дела се бесценети и вечно ќе ви бидеме благодарни. Ви благодариме што сте наш ангел чувар, вели Александра, бидејќи од благодарност и почит кон Ана, која од скромност одбила да размени контакти за да не се чувствуваат должни, решила да го напише овој поста за јавно да и се заблагодари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Прелетал низ знак „Стоп“ и се судрил со „БМВ“: Две лица повредени во Србија

Балкан | пред 7 минути

zemjotres-srbija

Регистриран земјотрес од 2,3 степени во Србија

Балкан | пред 6 часа

nafta-mazut

Србија ја продолжи забраната за извоз на нафта и нафтени деривати до 30 септември

Балкан | пред 2 дена

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Трагедија во Србија: Полицаец го убил зетот и 19-годишната внука, па се самоубил

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања