Светот се затвора поради короната, Македонија се отвори за прослави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
disko

Иако сојот Омикрон затвори многу земји во светот во пресрет на Нова година и Божиќните празници, министерот за здравство Венко Филипче вели дека засега нема потреба од порестриктивни мерки во моментов во Македонија.

— реклама —

„Сметам дека сите овие мерки кои што се на сила сега кај нас се сосема доволни и не треба да се зголемува степенот на рестрикција во било која смисла, како во однос на тоа што се бара за влез во земјата, така во однос на се што важи за масовните собири, без разлика дали се тоа затворени објекти или некои настани или во угостителските објекти“ вели Филипче.

— реклама —

Бројот на регистрирани активни случаи на ковид-19 во земјава вчера падна под 5.000.

— реклама —

Во вчерашниот ковид-билтен од направени 4.572 тестирања регистрирани се 266 нови случаи на ковид-19, 717 оздравени пациенти, како и 15 починати лица, од кои седум се пријавени согласно регистарот од Мој термин.

Вкупната бројка на активни случаи изнесува 4.719. Најмногу активни случаи 2.375 има Скопје, а најмалку, односно по едно во Пехчево и Дојран.

Првиот случај на сојот омикрон во земјава е детектиран завчера кај маж кој допатувал од Велика Британија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања