Светска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, македонскиот филм во трка за главната награда „Златна мечка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gospod-postoi-imeto-i-e-...

Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска денеска ќе ја има својата светска премиера на 69. издание на Берлинскиот филмски фестивал. Филмот е во трка за главната награда „Златна мечка“.

— реклама —

За филмот закажани се осум проекции во 11-те дена на Берлиналето, а билетите се веќе распродадени. Официјалната премиера на првиот македонски долгометражен игран филм е во 16 часот.

Филмот е избран во официјална конкуренција на годинашното „Берлинале“, со што по пауза од 25 години, македонски филм повторно ќе биде во главна селекција на филмски фестивал од А-категорија.

— реклама —

Во Берлин е голем дел од екипата на филмот. Покрај режисерката Теона Стругар Митевска и продуцентката Лабина Митевска, присуствуваат и дел од актерите: Зорица Нушева – која го игра насловниот лик, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Стефан Вујисиќ, Виолета Шапковска, Џевдет Јашари и Бајруш Мјаку.

На годинашното Берлинале ќе бидат прикажани околу 400 филмови од целиот свет, од кои 17 ќе се натпреваруваат за престижната награда Златна мечка, што ќе ја додели жирито со кое годинава претседава француската актерка Жулиет Бинош.

Берлинскиот филмски фестивал секоја година привлекува над 350.000 посетители од целиот свет и 4.500 акредитирани новинари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања