Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Светски ден на беснило: АХВ со апел за задолжителна вакцинација и микрочипирање на милениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarydbm4d580ecumfi8sk1j

Агенцијата за храна и ветеринарство и годинава се приклучува кон одбележувањето на Светскиот ден на беснило, кој се одбележува на 28 септември. Мотото „Заедно посилни“ ја нагласува важноста од координација меѓу институциите, стручните служби и заедниците во борбата против оваа болест.

И покрај значителниот напредок во спречувањето на беснилото, од АХВ посочуваат дека подобрата соработка, комуникација и усогласеното дејствување во системите за здравје на луѓето и животните се од суштинско значење.

— реклама —

Според АХВ, беснилото и понатаму одзема животи, иако смртните случаи може целосно да се спречат. Како важни мерки се издвојуваат вакцинацијата на кучињата, подобрувањето на надзорот и пријавувањето на болеста, како и подигнувањето на јавната свест.

Агенцијата континуирано спроведува активности за одржување поволна епидемиолошка состојба во однос на беснилото. Меѓу мерките е зголемувањето на бројот на идентификувани и регистрирани миленици, со што се овозможува и нивна редовна вакцинација. Ова е важно и за воспоставување контрола врз популацијата на бездомни животни.

— реклама —

Од АХВ апелираат до сопствениците на кучиња и мачки да се однесуваат одговорно, редовно да ги вакцинираат милениците против беснило и да обезбедат нивно микрочипирање.

— реклама —

По тригодишна пауза, во 2025 година АХВ повторно ја започна кампањата за орална вакцинација на лисиците, со цел подобрување на епидемиолошката состојба во однос на беснилото кај дивата популација во земјава и регионот.

Годинава авионската дистрибуција на 450.000 вакцинални мамки започна на 23 септември и се очекува да заврши до 2 октомври. Во рок од 15 дена по завршувањето на кампањата ќе започне земањето примероци за проверка на успешноста на вакцинацијата.

Паралелно се спроведува и кампањата „Стоп беснило – пријави и спречи“, чија цел е зголемување на пасивниот надзор и проверка на евентуалното присуство на вирусот кај угинати животни, приемчиви на беснило.

АХВ ги повикува граѓаните и возачите, доколку забележат угинато животно, како лисица или друг див месојад приемчив на беснило, да го пријават случајот на бесплатниот телефонски број 0800 00 210 или во канцелариите на подрачните единици на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library28toi26mc2fr31iJkmx

Одземени околу два тона небезбедно месо во Радовиш и 50 килограми месни производи во Пепелиште

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Македонија | пред 4 дена

media-libraryvbr6e45ufdd43WYhghA

Запленети над пет тони овошје и зеленчук што нелегално се продавале на скопските пазари

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp7j0pohh0mkc1MsEVlk

Еден тон забранети пилешки желудници запленети и уништени во месарници во Охрид и Струга

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања