Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Светскиот македонски конгрес, повика на семакедонски протест против промена на името на 9 ти јануари во 12

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
svetski-kongres-2

Светскиот македонски конгрес во повикот пишува:

Почитувани браќа и сестри Македонци, Собранието на Македонија на 9 јануари 2019 година со почеток во 12.00 часот ќе ја одржи 75-та седница, со дневен ред “Амандмани 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија” и “Уставен закон за спроведување на уставните амандмани”, заради имплементација на Спогодбата Димитров-Коѕиас. Со овие амандмани, владата и пратениците треба да го променат името на државата Македонија во држава “Северна Македонија” и да се откажат од Македонците во светот, со што вршат најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува! Кога и да е, премиерот, министрите и пратениците кои ќе гласаат за овие амандмани ќе одговараат со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на семејството, дома и во светот. Не постои дупка на земјината топка каде што ќе се скријат пред судот на историјата, народот и правдата!

— реклама —

Светскиот Македонски Конгрес повикува на масовен мирен Семакедонски протест пред Собранието на 9 јануари 2019 година со почеток во 12 часот, без говори и бина, со транспаренти и знамиња!

— реклама —

Ги повикуваме Претседателот на Републиката и пратениците да се приклучат на мирниот Семакедонски протест пред Собранието на Македонија!

— реклама —

Ги повикуваме полицајците, војниците, пожарникарите, резервистите, да се приклучат на мирниот Семакедонски протест пред Собранието на Македонија!

Подобро криминалец во затвор, отколку цел живот велепредавник на нацијата и државата!

Собранието не смее да ги усвои амандманите за велепредавство на нацијата и државата, со кои Македонија станува територија без народ и историја, под диктат на Атина.

Секој полицаец и војник има право и должност секаде и во секое време да ги уапси премиерот, министрите и пратениците кои ќе гласаат за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Кога неправдата станува закон, отпорот е наша должност!

Не прашувај што стори татковината за тебе, туку што правиш ти за Македонија!

На 9 јануари го повикуваме Претседателот на Републиката да ги спаси државата и нацијата од велепредавството на Владата и Собранието!

Пратениците имаат историска одговорност да ги спасат честа и достоинството на Македонскиот народ и државата Македонија пред кои положиле заклетва дека ќе ги бранат и одбранат суверенитетот и интегритетот!

Потребно ни е помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави, но врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: заемно почитување и разбирање, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Договорот Заев-Борисов, Спогодбата Димитров-Коѕиас и Тиранската платформа се асиметрични и антимакедонски, спротивни на домашното и меѓународното право, и поради тоа се ништовни!

Бараме: оставка на Владата, распуштање на Собранието, нови парламентарни избори, повлекување на уставните амандмани за промена на името, поништување на Спогодбата Димитров-Коѕиас, и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија со предлог-резолуција од Претседателот на Републиката до Генералното Собрание!

На 9 јануари 2019 година во 12 часот, сите од сите страни, пред Собранието на Македонија!

Сите Македонци, по род и државјанство, еден за друг!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања