Погонот од фабриката Свислајон (Swisslion) во Невесиње се затвори, од исклучиво економски причини. Фабриката производството го префрла во Македонија и Србија.
Ова го истакна директорот на Свислајон Требиње, Александар Којовиќ потенцирајќи дека производството на сокови фабриката го префрла во Горни Милановац, додека производството на кечап и мајонез во Македонија.