Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, смета дека експремиерот Димитар Ковачевски и минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се забегани. Заклучокот го донесува бидејќи тие побарале апанажа, а смета дека не им следува.
„Таче и Пајакот побарале АПАНАЖА, иако поднесоа оставки и по закон не им следува (согласно последната одлука на Уставниот суд). Од ова можете да видите со каков забеган профил на личности си имаме работа. Пак да си ги гласате“, напиша Апасиев.
Пред две недели, Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, усвоила решенија за да експремиерот Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски добиваат апанажа.
(Видео) Ќе земаат по 2.500 евра месечно, цела година: Ковачевски и Спасовски остануваат на товар на буџетот
Пред две недели, Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, усвоила решенија за да експремиерот Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски добиваат апанажа. Пратениците од СДСМ биле единствено присутни во салата, а со седум гласа, без никаква дискусија биле усвоени решенијата. Со ова, цела година, Ковачевски и Спасовски ќе добиваат по 2.500 евра месечно.„Поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски на кого функцијата му престана пор
Македонија | пред 2 години