„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

Tаксист во Белград бесплатно вози здравствени работници од почетокот на пандемијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Branko-Anti-872x610-1

Белградскиот таксист Бранко Антиќ и неколку негови колеги, од почетокот на пандемијата бесплатно ги возат здравствените работници во градот. Тоа му донесе три признанија, меѓу кои и медал од претседателот Александар Вучиќ.

— реклама —

Антиќ за време на вонредната состојба возел околу 50.000 здравствени работници од 50 институции. Тој направил скоро 17.000 возења, а вели дека неговиот таксиметар и денес не одбројува за медицинските лица. Тој во разговорот за РТС рекол дека решил да им помогне на медицинските работници кога видел како несебично се борат со короната и даваат сè од себе да спасуваат животи.

— реклама —

„Јавниот превоз не работеше за време на полицискиот час. Тогаш заедно со проф. д-р Даница Грујчиќ дојдовме на идека да ги возиме бесплатно за да можат здравствените работници да се вратат дома, а потоа одморени да дојдат на работа“, рекол Бранко.

— реклама —

Тој додал дека акцијата немала да успее да не му се придружeле околу 150 колеги.

„Додека ги возевме го немаше оној вообичаен муабет меѓу таксистот и патникот, бидејќи лекарите беа исцрпени“, додал тој.

Антиќ за својата идеја и хуманост освои три награди: сребрен медал за заслуги што го доби од претседателот Александар Вучиќ, плакета од Министерството за труд, вработување и социјала и наградата на Град Белград за херојско дело „Деспот Стефан Лазаревиќ“.

„Ми значат наградите, но тие не се само мои, туку на сите колеги. А ние и понатаму ќе бидеме достапни на нашите сограѓани“, рекол Бранко.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања