Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Талески за Тошковски: Од „брат да ми е ќе одговара“, две години никој не одговара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarypm6n37ksh2hv0bSSVf6

На денешната собраниска седница посветена на интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пратеникот на СДСМ Миле Талески упати остри критики за работењето на Министерството за внатрешни работи, оценувајќи дека по бројните скандали, безбедносни пропусти и трагедии во изминатите две години, министерот одамна требало да ја напушти функцијата.

„Да имаше право и правна држава, да имаше Закон кој што важи за ВМРО, Панче Тошковски одамна ќе беше сменет. А да имаше морал, Панче Тошковски денес не требаше да биде предмет на интерпелација“, рече Талески.

Во своето обраќање, тој потсети на изјавата на Тошковски дека секој ќе одговара пред законот, оценувајќи дека реалноста покажала поинаква слика.

„Се сеќавате ли на големите зборови на Панче Тошковски? ‘Брат да ми е, ќе одговара.’ Еве поминаа две години. Кој одговараше? Никој. Никој не одговара“, истакна Талески.

Пратеникот на СДСМ нагласи дека во периодот додека Тошковски е министер се случиле бројни безбедносни инциденти и скандали, без да биде утврдена одговорност.

— реклама —

„После сите скандали, после сите пропусти, после сите убиства, трагедии, безбедносни инциденти, после пет тони дрога што поминаа преку македонската граница, после распадот на безбедносниот систем – Панче Тошковски требаше сам да си поднесе оставка“, рече Талески.

Осврнувајќи се на случајот со петте тони дрога кои поминале преку македонската граница, тој побара одговори од министерот.

— реклама —

„Пет тони дрога поминаа преку граница. Не пет килограми, не педесет килограми, пет тони. Шест месеци подоцна нема одговорност. Нема разрешувања. Нема оставки. Нема виновници“, рече Талески.

Според него, интерпелацијата не се однесува само на работата на еден министер, туку и на состојбите во целиот безбедносен систем.

„Денес не расправаме само за еден министер. Денес расправаме за целосен распад на безбедносниот систем. За партизирана полиција. За неказнивост. За заштита на партиски кадри. За држава во која граѓаните се оставени сами на себе“, порача Талески.

— реклама —

На крајот од своето обраќање, тој директно го повика министерот Тошковски да поднесе оставка.

„После две и пол години мора малку чувство да проработи. Пустош направивте. Дајте си оставка и ослободете го МВР од сите овие скандали“, порача Талески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6kkq16rtl1299rnxOPG

Талески: Скандал до скандал во МВР а Панче Тошковски останува министер

Македонија | пред 1 ден

media-library44qda4qm1ugv225ql3Y

Талески: Реконструкцијата е признание дека Мицкоски за две години нема никаков резултат

Македонија | пред 1 ден

media-library6kkq16rtl1299rnxOPG

Талески: Оптимизацијата на ВМРО значи затворање училишта, отпуштања наставници и нови тендери

Македонија | пред 2 седмици

Vladimir-Taleski

Почина ќерката на ексградоначалникот и актер, Владимир Талевски

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања