Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Талевски: Пресудата за „Трезор“ е доказ зошто беше важен Законот за ЈО и зошто ВМРО-ДПМНЕ беа против негово носење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
14-04-2021-Talevski

Вчерашната пресуда против обвинетите во предметот „Трезор“ меѓу кои е и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков, е уште една во низата потврди дека времето кога некои поединци беа над законите и дефинитивно е завршено. Се случува правда, законите важат за сите подеднакво, судството работи ослободено од стегите на политиката и партиите.  Заврши времето на селективност и неказнивост, сега е време на правда и на одговорност, истакна на прес конференција Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

— реклама —

Талевски додаде:

— реклама —

Пресудите, донесени низ докази, преку отворени, транспарентни законски постапки покажуваат дека државата има силен, независен и ефикасен правосуден систем кој испорачува правда согласно законите.

Овие пресуди покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за Јавно обвинителство но и зошто ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски правеа се за тој закон да не се донесе.

Токму со овој Закон продолжија предметите „Тврдина-Таргет“ „Трезор“ отворени од Специјалното јавно обвинителство и по кои веќе има пресуди, но и предметите „Империја“ „Талир“ „Плацовите на Водно“ предмети кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидуваа да ги уништат.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да ја попречат правдата, не успеаја нивните обиди да ги заштитат криминалците во своите редови.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените на браникот на криминалот, но мора што поскоро да сфатат дека времето на контролирано судство заврши, дека веќе нема нарачани и монтирани случаи како во времето на нивниот 11годишен режим.

Повеќе нема недопирливи, нема поединци над законите.

Денес секој кој сторил какво било кривично дело одговара пред судовите, колку и тоа да е несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ партијата заглавена во режимската матрица и на браникот на криминалот.

Очекуваме сите други случаи и предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства кои се водат во судовите, да добијат епилог а лицата за кои ќе се докаже дека сториле криминал да бидат соодветни казнети.

 

видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања