Ќерката на Александар, Тања Џамбазова која живее и работи во Америка сподели трогателно видео од својот татко, документарец во кој е сплотено сето сеќавање и љубов за Александар Џамбазов и неговата важност за културата во Македонија.
„Прекрасен документарец за тато Александар, сеќавање на прекрасните денови од стара Југославија, во кои имаше љубов, ентузијазам, насмевки и разбирање од државата за важноста на музичката култура… Благодарам на сите кои го направија овој документарец, споделете го со вашите дома, ќе им биде ќеф. Фала Илина Арсова што го најде, ми се наполни срцето и ми се направи голема грутка во грлото. Преубави времиња, и посебен човек, тато“, стои во објавата.