Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Таравари ги истакнува 4-те главни столбови на неговата претседателска програма

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
taravariontime1

Претседателскиот кандидат на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во емисијата „On Time“ на ТВ Коха говореше за својата кандидатура за претседател на државата.

Лидерот на АА наведе дека според анкетите постои реална можност да оди во вториот круг, бидејќи тоа го потврдува и демографијата на Северна Македонија.

— реклама —

„Врз основа на анкетите што сме ги правеле, постои реална можност да одам во вториот круг. Секаде сум појаснил дека демографијата на Македонија, а според статистиката и последниот попис на населението, 54% се Македонци, околу 31% се Албанци и 15% се припадници на другите етнички групи.Нашата главна цел се секако Албанците и тука очекуваме најмногу гласови, но нашата кампања ќе таргетира и гласови на другите малцинства, како што се Турците, Ромите, Бошњаците, Власите, а ќе таргетираме и гласови од Македонците“, рече Таравари, додавајќи дека неговата победа на претседателските избори ќе има влијание и на парламентарните избори на 8 мај.

— реклама —

Во врска со неговата програма, Таравари рече дека таа се заснова на 4 столба.

— реклама —

„Главната точка ќе биде европскиот пат на Северна Македонија, втората точка ќе бидат уставните измени, а ние сме кажале дека уставните измени се важни и дека треба да се внесе и бугарското малцинство во Уставот, а за ова нема да се прави компромис во преговорите за формирање на влада и да се тргне 20% за албанскиот јазик. Исто така ќе инсистираме претседателот да се избере во Собранието.Третиот столб ќе биде владеењето на правото, а четвртиот столб е регионалната соработката и стабилност“, истакна Таравари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

TARAVARI

Таравари бара промена на натписот на спомен-плочата во касарната „Илинден“

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Не можам да бидам кукла во една влада

Македонија | пред 1 месец

media-libraryemfhs4k6mr4m2wASFPs

Таравари поднесе тужба за клевета против Меџити

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Ни треба нов договор за односите меѓу Македонците и Албанците во земјата, фискална конфедерација или федерација

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања