Таравари: Комплетно реновирана невролошката амбуланта на Детска клиника, обезбеден и нов апарат- ехосонограф

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
taravari3

На Клиниката за детски болести комплетно е реновирана невролошката амбуланта. Ова беше повод за денешната посета на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на оваа клиника.

— реклама —

,,Обновата на овој можеби најфреквентен дел од Клиниката за детски болести ќе резултира со значајно поефективна работа, задоволен персонал и квалитетна услуга за најмладите пациенти кои тука се третираат. Приоритет на Министерството за здравство е континуирано

— реклама —

унапредување на условите за работа и инвестирање во современа дијагностичка апаратура. За таа цел, во изминатиот период е обезбеден нов апарат - ехосонограф, односно ултразвучен премиум колор доплер апарат, кој овозможува квалитетна, навремена и точна дијагностика.", потенцираше Таравари во рамки на посетата на оваа клиника.

— реклама —

Невролошката амбуланта при Клиниката за детски болести е единствен центар за специфична дијагностика и третман на пациенти со невролошки заболувања од новороденчиња до адолесценти.

,,Обновени се три консултативни амбуланти, ехосонографски кабинет и два ЕЕГ кабинета, каде месечно се прегледуваат во просек по илјада пациенти.", информираше д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за Детски болести.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 3 седмици

taravari-vredi-koalicija-h

Крилото на Таравари со поддршка за протестот за УЧК во Скопје, политичките реакции растат пред 13 декември

Македонија | пред 1 месец

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

ВЛЕН за Таравари: Oтиде за шест, остана со четири, заврши со нула општини

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Време е за нов историски договор меѓу Албанците и Македонците

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања