Таравари: Македонија е апсолутен шампион по смртност од ковид-19 во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
taravari-1

Лекарот и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во гостување на ТВ 24  истакна дека прцентот на позитивни на ковид-19 секојдневно расте и дека на милион починати ние сме први со околу 400 починати.

— реклама —

– Македонија е апсолутен шампион во регионот, после нас е Косово, па Босна и Херцеговина. Процентите се највисоки во однос на сите држави во нашето соседство. Есенскиот бран започна во сите држави и тоа беше очекувано – рече Таравари.

Таравари додаде дека би требало министерот Комисијата за заразни болести да ја праша зошто има толкав морталитет во државата од КОВИД-19. Зошто бројот на инфицирани случаеви на милион граѓани е толку напред пред другите држави во регионот. Што е работата, каде е пропустот?

— реклама —

„Јас мислам дека и предлозите што ги даваат за рестрикции, не ги дава министерот, туку ги дава Комисијата за заразни болести. Јас искрено мислам дека одамна сум го кажал тоа пред три – четири месеци дека треба да ја смени таа Комисија.“, нагласи Таравари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања