Промени тема
Контакт

Таравари најави специјална просторија за Ембла, таткото вели дека се враќа со соучениците - кој е епилогот од овој случај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
embla-1

Девојчето со даунов синдром за кое родителите на неговите соученици распишале петиција бидејќи не сакаат да учи со нивните деца, ќе посетува настава во специјална просторија во училиштето, во кое ќе биде сама со асистентка, информираат од Општина Гостивар.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, по изразената загрижженост на јавноста за случајот со ученичката со даунов синдром Ембла Адеми денеска го посети ОУ „Единство“ каде што таа ја следи наставата.

„Дојдов да се запознаам со проблемот, бидејќи вчера на ја видов социјалните мрежи загриженоста искажана од голем број луѓе и мислам дека секоја неволја има добра страна, и тука мислам дека е добро што населението се сензибилизира во овој поглед. Како општинска администрација мислам дека овие 4-5 години работевме посветено на овие деца и мислам дека се разликуваме од многу други општини и во однос на изградбата на објект за деца со посебни потреби и центзрог за аутизам“, рече Таравари.

Тој додаде дека одговорната за образование, Аслиан Снопче многу се погрижила за овие деца и дека е изненаден од моментот што нешто не е во ред.

„Затоа денес дојдов да ги ислушам сите и како што гледам, проблемот започна во декември кога имаше петиција од родители кои имаат деца во исто одделение со Ембла. Иако немаме обврска, ние како Општина обезбедивме лична асистентка за Ембла и според мојот пријател Илир, како родители, тие се презадоволни“, подвлече градоначалникот Таравари и додаде дека Општината има ангажирано и дефектолог кој во периоди кога се појавува некаква вознемиреност, работи со Ембла.

— реклама —

Илир Адеми, родителот на Ембла, е задоволен од одлуката и посакува случајот со неговата ќерка да биде последен во нашето општество.

„Го поздравувам градоначалникот кој беше посветен на случајот и му благодарам што се заложи за решавање на овој проблем, се надевам дека овој случај ќе се реши и овој случај ќе биде последен со овие деца и не само за мојата ќерка, туку за сите “, рече Адеми.

— реклама —

Средбата се одржа во специјална просторија во училиштето, подготвена за Ембла, која посетува неколку часови сама со својата асистентка.

Според Народниот правобранител, недозволиво е овие ученици да бидат жртва на непоготвеноста на поединци да ги прифатат различните и да им биде отежнат пристапот до образовниот процес, кој со Устав и со закон им е гарантиран на сите подеднакво, без елементи на каква било дискриминација.

Таткото на 11-годишна Ембла од Гостивар, Илир Адеми во гостување на ТВ21 изјави дека неговата ќерка е видливо посреќна откако се врати во училишните клупи.

— реклама —

Адеми вели дека и покрај тоа што Ембла не може тоа да го искаже, таа е видливо среќна од враќањето меѓу врсниците.

„Таа е посреќна. Чувствува дека се врати меѓу врсниците, иако не може да ја изрази радоста, ние као родители знаеме дека таа е среќна, затоа што е голема разликата од времето кога беше осамена. Ние како родители исто така сме среќни што оваа работа се заврши“, рече Илир Адеми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања