Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Таравари од Дебар: На 9 мај ќе имаме нова влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
taravari-vredi-koalicija-h

Со почетокот на претседателската кампања, коалицијата ВРЕДИ синоќа отвори Изборен штаб во Дибр. На отворањето на Изборниот штаб, претседателскиот кандидат Арбен Таравари зборуваше за програмата, поточно за Уставот на Северна Македонија.

„Еден од четирите столба на нашата претседателска програма е Уставот. Знаете дека Уставот на Македонија, кој беше изгласан во 1991 година, не беше изгласан од Албанците и никогаш не беше поддржан од Албанците. Покојниот Арбен Џафери рече, Уставот е генератор на политички кризи во Македонија и така беше, ова беше вистината се додека не се случи конфликтот во 2001 година и овој Устав беше дополнет и изменет, но Охридскиот договор не е целосно имплементиран. Дури и до денес главниот столб од Охридскиот договор, фискална децентрализација, не се случи, остана само на хартија и никогаш не беше спроведен“, рече Таравари.

— реклама —

Таравари истакна дека со уставните измени коалицијата ВРЕДИ мора да предвиди отстранување на 20 отсто за албанскиот јазик и избор на претседател во Собранието.

— реклама —

„Го споменавме и изборот на претседател со гласање во Собранието, Македонија е парламентарна демократија, претседателот во Македонија има исти овластувања како и претседателот во Косово, Албанија, Грција, Германија и секаде таму претседателот се избира во парламентот. Нашиот услов е претседателот да се избира во Собранието со 2/3 од гласовите и со Бандентер и ако не може во два наврати да се избере, третиот пат да се бира со просто мнозинство или 61 пратеник и со Бадентер. - изјави Таравари.

— реклама —

Според Таравари, промената ќе се случи на 9 мај, еден ден по изборите Македонија ќе има нова Влада.

„Промената ќе се случи 100%, имаме дилеми само во разликата. Изет, Билал и Африм се многу пооптимисти од два спрема еден, а јас велам сигурно неколку пратеници повеќе, но тоа зависи и од нашата работа и посветеност, но знајте дека на 9 мај со Денот на Европа ќе имаме нова Влада“, рече Таравари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

TARAVARI

Таравари бара промена на натписот на спомен-плочата во касарната „Илинден“

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Не можам да бидам кукла во една влада

Македонија | пред 1 месец

media-libraryemfhs4k6mr4m2wASFPs

Таравари поднесе тужба за клевета против Меџити

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Ни треба нов договор за односите меѓу Македонците и Албанците во земјата, фискална конфедерација или федерација

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања