Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z
ФБ

Повтореното гласање за градоначалници во четири општини донесе победа за Алијансата предводена од Арбен Таравари во Гостивар и Врапчиште, додека ВМРО-ДПМНЕ обезбеди градоначалник во Маврово и Ростуше. Во Центар Жупа, мандатот го освои единствениот кандидат на Демократската партија на Турците во Македонија.

— реклама —

Во Гостивар, кандидатот на коалицијата Национална алијанса за интеграција, Валбон Лимани, извојува убедлива победа пред противкандидатот Невзат Бејта од коалицијата „Вреди“. Сличен исход имаше и во Врапчиште, каде што победи Исен Шабани, исто така кандидат на Алијансата.

Во Маврово и Ростуше, довербата на гласачите ја доби Онер Јакуповски од ВМРО-ДПМНЕ, додека во Центар Жупа трет последователен мандат освои Аријан Ибраим.

— реклама —

Излезноста на изборите беше ниска. До 18:30 часот гласале околу 28 отсто од запишаните избирачи, што е помал одѕив во споредба со поништеното гласање од октомври 2025 година. Исклучок беше Врапчиште, каде што беше регистрирана поголема излезност.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека изборниот ден поминал мирно и без инциденти и оценија дека со оваа победа партијата сега има градоначалници во 56 општини низ државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 3 седмици

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 2 месеци

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Од „ептен голема грешка“ до повлекување: Мемов по критиките кон ВРЕДИ, сега тврди дека зборувал во лично име

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања