Таравари: Траба да се направат критериуми за вработување на 300 специјализанти до крајот на годината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
taravari2

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска има средба со претставници на специјализантите кои ќе бараат одговори од него како ќе се спроведе планот на Владата за нивно вработување. Приоритет и персонална задача рече дека му било да најде решение за специјализантите и среќен е што успеал да го најде во првиот месец како министер. Од вкупно 647 специјализанти, 300 ќе бидат вработени оваа година, а уште 300 ќе останат за следната.

— реклама —

,,Јас сум многу среќен што успеав првиот месец да изнајдеме решение. По информација на Министерството тоа помина во Влада, од вкупно 647 специјализанти 300 ќе бидат вработени оваа година. Сега треба да поставиме критериуми и потоа да побараме кај има интерес во јавните здравствени установи и 300 други ќе останат за идната година. Во меѓувреме, следната моја заложба ќе биде да видиме и овие коишто подолг период, посебно, среден медицински персонал кои подолг период работат и немаат решение за работа да најдеме и за нив решение за до крајот на годината и тие да бидат редовно вработени.”, рече Таравари.

— реклама —

Според него, за тие вработувања нема да се чека новиот Буџет.

— реклама —

,,Нема да се чека новиот буџет. Ќе се обидеме во склоп на овој буџет да успееме да го менаџираме тоа. Меѓутоа, ни треба време да се синхронизираме и со другите министри. Јас сум оптимист дека и оваа работа како и со специјализантите, како и со позитивната листа ќе ја завршиме.”, рече министерот за здравство.

Министерот за здравство Таравари кажа и дека ќе се обиде да најде решение за проблемот со немање лекар во Дојран.

Тој денеска присуствуваше на промоција на нов дел на невролошки амбуланти на Клиниката за педијатрија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 3 седмици

taravari-vredi-koalicija-h

Крилото на Таравари со поддршка за протестот за УЧК во Скопје, политичките реакции растат пред 13 декември

Македонија | пред 1 месец

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

ВЛЕН за Таравари: Oтиде за шест, остана со четири, заврши со нула општини

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Време е за нов историски договор меѓу Албанците и Македонците

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања