СЈО може да го врати својот кредибилитет, но само ако нема повторно импровиозации со поставувањето на неговиот иден лидер, смета Слаѓана Тасева, претседателката на Транспарентност Нулта корупција, по отворањето на случајот „Рекет“ и апсењето на Бојан Јовановски и Зоран Милевски, пренесува „Фактор“.
- Потребен е докажан професионалец без законски ограничувања од каде доаѓа, а најважно од се е тој да има личен интегритет и дома и надвор. Лидерството не смее да биде одредено од политичките партии со импровизации во законот и самото назначување како пред четири години. Овој пат нема простор за експериментирање и би додала дека треба постојано на новиот специјален обвинител да му се прават тестови за интегритет, какви што постојат - вели Тасева.
Таа смета дека вчерашната акција на Јавното обвинителство и последниот развој на настаните нема да го минираат понатамошното постоиење на СЈО, чиј мандат истекува на 15 септември.